×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово утре прво прскање од земја против комарци и крлежи

    29.05.2024 13:03 | KumanovoNews

    Во општина Куманово утре ќе се спроведе првата дезинсекција од земја за уништување на ларви од комарци и крлежи. Во периодот од 5 до 8 часот ќе започне третирањето против крлежи, а од 8 до 10 часот против ларви на комарци.

    Во Куманово утре прво прскање од земја против комарци и крлежи

    „Со дезинсекцијата против крлежи ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани. Не се препорачува подолг претстој на површините, како за луѓе така и за животните, особено непосредно по извршување на третманот“, соопшти Општина Куманово.

    Ако временските услови не бидат поволни за извршување на третманите за дезинсекција, тогаш тие ќе бидат одложени за првиот нареден ден кога ќе се поправи времето.

    Општина Куманово за оваа година одвои 2,3 милиони денари (околу 37.000 евра).

    „За авиотретирање предвидени се 1.692.000 денари без ДДВ за три прскања, додека за дезинсекција, дезинфекција и дератизација вредноста на договорот е 675.000 денари без ДДВ, а бројот на третмани ќе биде дополнително утврден“, велат од Општината.

    Првото авионското прскање против комарци е предвидено на средината на јули.

    За авионско прскање е ангажирана фирмата „Бониер“, додека услугите од земја ги пружа „Плант медика“, двете од Куманово. Од воздух се третираат 2 илјади хектари, а според спецификацијата различни по големина се површините кои ќе се третираат против штетни инсекти.