Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на мај во Куманово се издадени вкупно 18 дозволи за градба од кои 12 се однесуваат на физички лица, а 6 на деловни субјекти, стои во анализата на Државниот завод за статистика.
Во план е изградба на 1.196 м2, со вкупно 7 стамбени единици. Вкупната вредност на инвестициите е 458.078 илјади денари. Нема прецизни информации за Куманово колку од нив се предвидени да бидат високоградби, а кои издадени дозволи се со намена за семејни куќи или реконструкција.
На ниво на државата во мај 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број дозволи 141 (54.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 (45.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.869.263 илјади денари, што е за 10.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (51.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 54 (20.8 %) за објекти од нискоградба и 73 (28.1 %) за објекти за реконструкција.
(фото. архива)