Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19.
По градови во:Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес - 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино - 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Починати се четири лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022
Во Куманово направени се 42 тестови, а активно болни се 87 лица.