×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Кумановскиот суд недостасуваат судии, информатичари, архивари, дактилографи

    26.10.2023 10:46 | Оливера Пешевска

    Во Основен суд Куманово недостасуваат 14 судии, бидејќи по систематизација потребни се 34. Истовремено, недостасуваат и информатичари, архивари и дактилографи, додека административните службеници се во доволен број и ги покриваат потребите на судот.

    Во Кумановскиот суд недостасуваат судии, информатичари, архивари, дактилографи

    Недоволниот број на судии значително го отежнува фунционирањето на институцијата.

    „Во судот моментално работата 18 судии. Тешко и напорно е, но се трудиме. Судиите исполнуваат норми како поединци, но пренатрупаноста со предмети доведува до неизвеност со која оценка ќе се заврши годината. Причина повеќе е и што преземаме дел од предметите на судовите од Кратово и Крива Паланка, кои по хиерархија имаат помали надлежности од нас“, изјави претседателката на судот Снежана Манева.

    Во прекршочното одделение има само 3 судии, секој од нив работи и на илјада предмети. Во граѓанскиот дел,каде најчесто се решаваат предметите од работни односи се двајца судии со по 800 предмети. Во кривичното одделение работат пет судии, ама наредната година и тука ќе има пензионирање. Во предметите од стопанско право судија преминал во Основен кривичен суд во Скопје, така да тој дел е преземен од друг судија од Куманово, кој претходно работел на граѓански постапки. Во последните шест години голем број на судии заминале во пензија.

    Проблемот е што кандидати за Куманово скоро и да нема, иако ова година добиле одобрување за вработување на судија на неколкуте распишани конкурси никој не се пријавил.

    „Кандидати кои се изберени и имаат завршено на Академијата за судии веќе работат кај нас, но тоа е од пред 12-13 години.Сега има кандидати кои се на обука таму, мислам дека се 4, но дел од нив ќе дојдат во судот,а дел ќе бидат назначени во Обвинителството.Сега како ќе положат, кога ќе се случи тоа и каде ќе изберат да работат не знам. Од последната класа изберени се судии за судовите во Скопје“, објаснува Манева.

    И во делот на административни службеници има недостаток, посебно во информатичкото одделение кое функционира како посебна организациска единица. Од поранешните тројца вработени сега е останат само еден информатичар. На огласите за вработување не се јавувал ниту еден кандидат, а на последниот оглас единствениот пријавен не го положил писмениот дел од испитот, што е услов за вработување.

    Две дактилографки, судски записничари неодамна се пензионирале и сега се чека одобрување од Судскиот совет и Министерството за финасии за објавување на оглас. Дотогаш оние што се на работа имаат зголемен обем на должности, па закажаните судења претрпуваат и одложувања и презакажувања на рочиштата. Сето ова придонесува да иако во последните пет години се оценети како успешен суд, ова година многу тешко ќе се исполни тоа.

    Во последниве 6 години успешните резултати на Основен суд Куманово се нотирани и од Судскиот совет и од Врховниот суд и во Министерството за правда.

    Вчера се одбележуваше Европскиот ден за граѓанска правда, па Кумановскиот суд го посетија ученици од основните и средните училишта, заинтересирани граѓани и медумите. Ова беше начин децата да се запознаат со професијата, местото и значењето на правосудниот систем во општеството.