Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановските училишта денеска нема настава, откако синоќа Министерството за образование излезе со соопштение дека самоинцијативно директорите не можат да одлучат кога ќе ги одработуваат изгубените часови од штрајкот.
“Синоќа на веб страната и на фејсбук страната на училиштето за родители и ученици објавивме дека настава нема да има. Дваесетина деца утрово дојдоа на училиште, затоа што не разбрале дека нема да се работи. Им кажавме дека нема да се учи и ги вративме. Родителите се револтирани и се сомневам дека ќе ги пуштат децата на училиште кога ќе се одучува“ - вели Лидија Костиќ, директорка на “Христијан Карпош“.
Училиштата ќе добијат насоки од ресорното министерство за тоа кога ќе се одработува наставата.