Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановско-липковскиот регион годинава Шумско стопанство ќе пошуми 300 хектари земјиште, со еден милион садници од сопствениот расадник.
Пошумувањето ќе се врши континуирано и ќе бидат засадени различни видови на садници.
“Ќе засадиме бел, црн бор, чемпрес, багрем и други дрвца. Ние сме подготвени, само се чека програма од Владата на Република Македонија и ќе одредиме локација каде ќе се врши пошумување. Оваа година имаме во план да пошумиме поголема површина од лани“ - изјави Ваит Саити, директор на “Шумско стопанство“.
Лани “Шумско стопанство“ пошуми 250 хектари во кумановско - липковскиот регион.