×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во кумановско педесетина села отсечени од светот

    29.12.2014 13:19 | KumanovoNews

    Во кумановско-липковскиот регион педесетина села се отсечени од светот, откако вечра ги зафати снежно невреме.

    Во кумановско педесетина села отсечени од светот

    Претежно се работи за планински села кои мал број на жители.

    Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во кумановско отсечени се селата: Кшање, Кокошиње, Кучкарево, Косматац, Муграш, Пезово, Колицко, Живење, Брзак, В'кв, Винце, Габреш, Зубовце, Карабичане, Кутлибег, Сопот и Сушево.

    Во општина Старо Нагоричане завеани се селата: Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачовце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Дренак, Жељувино, Канарево, Карловце, М'гленце, Макреш, Малотино, Осиче, Рамно, Цветишница и Свиланце.

    Бројот на отсечени села во липковско е нешто помал и таму завеани се жителите на Руница, Алешевце, Белановце, Гошинце, Лукаре, Пресница, Стрима, Извор и Злокуќане.