Во кумановско се родиле повеќе машки бебиња
19.06.2014 09:55
| KumanovoNews
Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане лани се родиле повеќе машки бебиња, отколку женски, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Куманово, на свет дошле 1278 живородени деца, од кои 671 се машки, а 607 женски.
Во Липково од вкупно 398 новороденчиња, 212 се машки, а 186 женски.
Во Старо Нагоричане се родиле 40 деца од кои 21 се момчиња , а 19 девојчиња.
Од нив во Куманово 199 се вонбрачни деца, во Липково 88, а во Старо Нагоричане само 5 се родени како вонбрачни.