×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Љубодраг селскиот водовод запуштен, бунарите загадени

    10.12.2013 10:15 | KumanovoNews

    Жителите на селото Љубодраг се жалат дека септичките јами им ја загадуваат водата во бунарите, па постои опасност од појава на заразни болести.

    Во Љубодраг селскиот водовод запуштен, бунарите загадени

    Додека селскиот водовод пропаѓа тие се приморани вода за пиење да носат од градскиот водовод, а бунарската вода да ја користат исклучиво како техничка.

    Состојбата е катастрофална, кај мене водата во бунарот е загадена и хемиски и бактериолошки. Не пиеме од неа, туку носам во балончиња од градот. Водата од бунарот ја користиме за перење.- вели Мирко Цветковски.

    Селскиот водовод не функционира бидејќи жителите неможат да се договорат за негово одржување. Неколку години се обидувале да се организираат и да го пуштат во употреба, но безуспешно.

    Над 50 одсто од луѓето во селото не му плаќаа на човекот кој беше одговорен да ја одржува мрежата и да ја испитува водата. Поради тоа тој не прифаќа повеќе да работи, а и пумпите останаа во дефект. Водоводот е професионално изграден и убаво направено а ние како граѓани многу изгубивме што не работи.- вели  Звонко Цветановски.

    Водоводната мрежа, резервоар и два поголеми бунари сега се оставени да пропаѓаат. Жителите бараат јавното претпријатие „Водовод„ да ги преземе и да се грижи за квалитетот на водата.

    Од „Водовод„ велат дека селските водоводи се градени самоиницијативно, без никакви стандарди и потребни се многу средства за нивна ревитализација. Потребна е помош од општината и државата за да се реши проблемот во спротивно нема можност да се интервенира.