Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основното училиште „Магдалена Антова„ во населбата Карпош денеска ја бојкотираа наставата поради тоа што повеќе од една година новоизградената спортска сала „Панко Брашнаров„ нема употребна дозвола и часовите по физичко воспитување ги одржуваат во училници.
Советот на родители се одлучи на ваков чекор по долгите неуспешни барања и преговори со надлежните од Агенцијата за млади и спорт да ги завршат докрај обврските што ги презеле по изградбата на спортскиот објект.
Нашите деца се принудени часовите по физичкото образование да ги одржуваат во училници без никакви услови за одржување на ваков тип на настава, а потоа мораат да продолжат со редовната настава во истата училница, иако повеќето од нив имаат алергии и астма. Свесни сме колку таа активност е неопходна, но за жал за кратко време и тоа ќе им биде оневозможено, бидејќи ќе се инсталираат компјутери, а нашите деца ќе останат да вежбаат на улица - рече Емилија Јакимовска, заменик на претседател на Советот на родители.
Спортската сала „Панко Брашанаров„,минатата година беше свечено пуштена во употреба од премиерот Никола Груевски без употребна дозвола. За да се добие дозволата треба да се направи испитување на издржливост на носечките столбови од челичната конструкција на објектот. Од Општината Куманово најавија дека скапото испитување што е должност на Агенцијата за млади и спорт ќе го платат тие, само да се стави во функција спортскиот објект во интерес на децата и да се реши повеќегодишниот проблем.