Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред црквата “Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, вчера се одржа комеморативен собир за загинатите во бомбардирањето на Југославија, кое се случи пред 16 години.
Претставници на Српската заедница во Македонија огранок Старо Нагоричане и членови на ДПСМ, запалија свеќи и им оддадоа почит на жртвите од бомбардирањето на НАТО алијансата. Пред присутните се обрати градоначалчникот, Милован Стојковски кој говореше за овој немил настан од поновата историја на српскиот народ.
Во бомбардирањето загинаа помеѓу 1500 и 2500 луѓе, и е причинета голема материјална штета. Цели на бомбардирањето беа мостови, термоелектрани и други установи и институции.