Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Влажен бран од Медитеранот во недела ќе ја зафати Македонија и ќе донесе локални поинтензивни врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер.
“Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повисоките места кон крајот на денот и во ноќта кон понеделник врнежите од дожд ќе поминат во снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во понеделник во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат“ - стои во соопштението од УХМР.
И во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.