×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во новиот државен буџет ќе нема пари за гасификација на Кумановската болница и за амбулантни возила, кажа пратеникот Петрушевски

    04.12.2020 12:30 | KumanovoNews

     Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, ја обвини актуелната власт, односно мнозинството во Собранието, дека при донесување на Буџетот за наредната година не ги прифатиле предлози на неговата партија, коишто се однесуваат на подобрување на еколошкиот и здравствениот сегмент на животот на граѓаните во Куманово.

    Во новиот државен буџет ќе нема пари за гасификација на Кумановската болница и за амбулантни возила, кажа пратеникот Петрушевски

    - Првиот сет на амандамни којшто го предложивме беше од областа на екологијата, свесни дека Куманово има сериозен проблем со аерозагадувањето. Болницата во Куманово е посочена како еден од најголемите загадувачи, а веќе четврта година како е ветено, не се гасифицира. Веќе 4 година се извршува јавни набавки и се набавува мазут и болницата го загадува градот. Вториот наш сет на амандмани беа мерка за справување со ковид-19, за набавка на амбулантни возила за ковид-пациентите. Здравствените институции на Општина Куманово кој опслужува повеќе од 200.000 жители од регионот или 10 осто од вкупната популација во државата, услугата ја врши со едно амбулантно возило кои ги пренесува ковид пациентите на клиниките во Скопје. Набавката на овие возила ќе го подобри не само транспортот туку и генерално јавно-здравствениот систем во државата, но власта не го прифати - изјави Петрушевски.

    Тој дополни дека останува да се расправа уште по два амандамни, кои се однесуваат директно за Куманово, а тоа е за пренамена на 60 милиони денари или по еден милион евра за изработка на проекти за изградба на патна инфраструктура и водоводна и канализациона мрежа, со кои Општината подоцна ќе може да аплицира кај домашни и странски донатори.

    - Поаѓајќи од тоа дека во 21 век имаме преку 40 населени места во Општината коишто немаат вода за пиење, а се справуваме со пандемија и збориме дека треба да се одржува лична хигиена,  треба на граѓаните да им обезбедиме поквалитетен живот. Се надевам дека овие амандамни ќе бидат прифатени од пратениците на мнозинството да се помогне на Општина Куманово и граѓаните, - додаде Петрушевски.

    Тој смета дека буџетот на државата за 2021 година е нереален и неразвоен, бидејќи во него се зголемуваат непродуктивните ставки за нови вработувања во државната и јавната администрацијата, зголемување на средствата за луксузирање на функционерите со нови возила и мебел и др.

    Петрушевски ги повика граѓаните на протест вечерва во 18 часот пред спортската сала Куманово.