×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Општината нема вработени Роми?!

    13.12.2013 10:41 | KumanovoNews

     Советникот Ашмет Османовски побара објаснување од градоначалникот Зоран Дамјановски зошто е тоа така

    Во Општината нема вработени Роми?!

    Во администрацијата на Општина Куманово нема вработен нити еден Ром. Ова го тврди советникот Ашмет Османовски, кој побара објаснување од градоначалникот Зоран Дамјановски зошто е тоа така.

    За ромскиот кадар се затворени вратите на Општината. Ако кажувате дека вие сте топло примени од Ромите и ја имате нивната подршка, зошто тогаш и вие не примите барем еден Ром да работи во општинската администрација. И меѓу Ромите има високо образовани луѓе- рече Османовски.

    Тој прочита имиња на десетина луѓе од ромска националност кои завршиле високо образовани.

     Градоначалникот Зоран Дамјановски се бранеше дека дека тоа што нема вработени Роми во Општината не значи дека ништо не е направено за нив.

    Во последниве неколку години 50 до 60 Роми се вработени во општинските институции, пред се во јавните претријатија. Согласно Законот за државни службеници распишуваме оглас и критериумите се поставени, се врши бодување. Оние што ги исполнуваат условите се вработуваат. Мене ми е драго за дипломираниот кадар меѓу Ромите - одговори Дамјановски.

    Тој смета дека Агенцијата за вработување треба да се грижи за невработените и а не Општината.