Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пауза од повеќе од една година, деновиве од печат треба да излезе двобројот на 48 и 49-от број на периодичното списание “Корени“.
Бројот 48 е посветен на есеите, книжевен жанр кој списанието го негува десетина години, поточно на победниците на минатогодишниот деветти по ред Конкурс на списанието, насловен како „Мартовски есеи“ . Тука се и прилози за двајца исклучителни автори кои го градеа списанието и прерано заминаа како извонрениот радио репортер, новинар и публицист Стојан Тренчевски и неговото последно интервју со познатата Тамара Арсовска и кумановскиот мошне плоден автор Звонко Стојановиќ Хаџипо. Во овој број е присутен долгогодишниот соработник на списанието, професорот Денко Малески, кумановецот Душан Станимировиќ, поетесите Билјана Станковска и Наташа Радевска, Сашо Прокопиев , Клаус Легави од мрежата „Еурозине“ кој се осврнува на миграциите на луѓето во Европа, од аспект на работна сила за западно европските земји, а мошне интересен е записот од 1926 година на српскиот прозаист Станислав Краков кој се задржува на Скопје по заминување на Османлиите од балканските простори.
Вториот 49-ти број е тематски и редакцијката одлучи истиот да го посвети на Кумановската кафеана, поточно на угостителството во Куманово во 20 век.
„Автор на текстот сум јас и и се задржувам на кумановските угостителски објекти од ановите, како прапочетоци на гостилниците и хостелите, следејќи го подоцнежните збиднувања во оваа област во првата половина на минатото столетие, кафеаната во социјалистичкиот самоуправен социјализам, затворање на приватните кафеани во 1948 година, појавата на Угостителскот претпријатие „Бисерка“, угостителството како секундарна дејност во општествениот сектор, повторно отворање на приватни угостителски субјекти и слично. Солидно внимание во овој интересен труд се посветува на ќебапчиите, мајсторите на кобасичарскиот занает и се разбира на шкембарите, односно мајсторите на кумановскиот мезалук. Сето тоа стокмено со куси сегменти од книжевните дела на кумановски автори кои пишуваат за кафеаната, а се осврнувам и на кумановскиот Бордел во периодот меѓу двете Светски војни и прославите на еснафската слава на кафеџиите „Свети Трифун“- вели Димитар Масевски, уредник на списанието.
Се очекува двата броја на списанието „Корени“ да бидат готови во октомври зашто се предвидува и вообичаената промоција на истите.