Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово во петок ќе прска против комарци. Авионското прскање ќе се врши рано наутро. Ако временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
„На 22.07.2022 година (петок), во период од 05 часот до 08. часот, на територијата на Куманово ќе се изврши авиозапрашување со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопшти Општина Куманово.