×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во подрачната единица на ДИК увид во избирачкиот список извршиле 55 граѓани

    15.03.2024 15:08 | Оливера Пешевска

    Во подрачната единица на Државната изборна комисија (ДИК) лично дошле 55 граѓани да извршат увид во избирачкиот список.

    Во подрачната единица на ДИК увид во избирачкиот список извршиле 55 граѓани

    Според информацијата од ДИК се работи главно за повозрасни кумановци, кои потешко се снаоѓаа со пребарување на статусот по електронски пат на официјалниот сајт.

    „Граѓаните веќе си знаат и си доаѓаат со барање да се запишат, извршат бришење или промена на податоците во избирачкиот список. Дел од нив доаѓаат лично, а дел испраќаат помлади членови од семејството. Процесот се одвива како треба, отворени сме и во деновите од викендот од 8 до 20 часот“, истакна Невена Величковска, вработена во подрачното одделение на ДИК.

    Увид во избирачкиот список може да се изврши до 18 март.