Во понеделник второ прскање против комарци
10.07.2014 09:31
| KumanovoNews
Во понеделник, во градското подрачје на Општина Куманово во раните утрински часови ќе се изврши второ авионско прскање против комарци, соопштуваат од општината Куманово.

Се повикуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионско прскање поради лошите временски услови, истото се одложува за наредниот ден.