Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
24 - годишна девојка се здобила со сериозни повреди откако во неа удрил автомобил.
Несреќата се случила вчера во 7.15 часот на крстосницата од улиците „Доне Божинов“, „Тодор Велков“ и „Ленинова“, кога патничко возило „поло“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(53) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(24) од Куманово.
По незгодата, С.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на незгодата.