Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што синоќа во 22.40 часот се случила во кратовско село.
„Во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат во с.Туралево, кратовско, на место викано „Блокови", патничко моторно возило застава југо со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(51) од с.Филиповци, кратовско, излетало надвор од коловозот“, соопштува МВР.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Кратово.