×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Советот за етика се жалат и медиумите и граѓаните

    13.06.2015 10:35 | KumanovoNews

    Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите последниве шест месеци примила 37 претставки од граѓани и новинари за прекршување на принципите во новинарството.

    Во Советот за етика се жалат и медиумите и граѓаните

    Поплаките најчесто се однесувале на говор на омраза против одредени групи во општеството, етничка, верска и сексуална дискриминација, клевета, навреда, откривање на идентитетот на малолетни лица или нарушување на приватноста.

    На почетокот најмногу жалби добивавме од новинарите и од медиумите, но сега и од: здруженија на граѓани, професори, претставници на академската заедница, Кабинетот на претседателот, Омбудсманот. Со самото осознавање на улогата и важноста од постоењето на Советот за етика во медиумите ние имаме и повеќе различен спектар на подносители на претставки. Се надеваме дека тоа и ќе придонесе за подобрување на професионалноста во медиумите, - изјави Марина Тунева, директорка на Извршната канцеларија на СЕММ.

    Жалба до Комисијата може да се поднесе најдоцна 30 дена од објавувањето на текстот или прилогот. До Комисијата досега имала една поплака за текст во еден кумановски портал, но реакцијата била задоцнета и подносителот не поседувал изворна копија од текстот и поради тоа жалбата не била разгледана.

    Целта на Советот за етика во медиумите е преку дебатите да и се помогне на јавноста да се информира за професионалните и етичките стандарди во новинарството, да се создаде амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката, да се олесни пристапот на публиката кон медиумите, да се афирмира Кодексот на новинарите, да се намалат сите видови на цензура и самоцензура, како и да се намали бројот на тужбите за клевета против новинарите.

     На вчерашната дебата во Куманово, пред претставниците на невладините организации, портпаролите на политичките партии и институциите и новинарите, зборуваа Сефер Тахири, Филип Ѓурчиновски, Насер Селмани и Мирче Адамчевски.