Во Средорек и Ајдучка Чешма нема вода
04.03.2013 09:22
| KumanovoNews
Утринава водоснабдувањето е прекинато во две населби и три улици во градот.

Граѓаните од Средорек и Ајдучка Чешма и улиците “Рушит Шакири“, “Борко Танев“ и “Драган Стопаревиќ“ немаат вода. Од ЈП “Водовод“ велат дека за неколку часа снабдувањето со вода ќе се нормализира.
Други прекини во снабдувањето со вода засега не се регистрирани.