Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од жителите во Општината Старо Нагоричане, се жалат дека немаат улично осветлување во селата и покрај тоа што во сметките плаќаат такса за оваа комунална услуга.
Имам викендичка во маалото „Бели Грамади„, кое се наоѓа во атарот на селото Старо Нагоричино и немам улично осветлување. Светилката што во мај 2007 година беше поставена ја исклучија од ЕВН, поради немање на пета жица што треба да ја постави Општината. Поради тоа побарав од Општината да ми издадат потврда да ме ослободи од такстата додека не се постави инсталацијата, но ме одбија-вели пензионерот Владимир Младеновски од Куманово.
Од Oпштината одговориле дека во „Бели Грамаде„ во најскоро време ќе биде поставена т.н. пета жица со што ќе се создадат услови за улично осветлување.
Поради истиот проблем Советот на Општината Старо Нагоричане донел одлука за ослободување на плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување во 27 села кај што нема услови за поставување на светилки на улиците и патиштата.