×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Старо Нагоричане, СДСМ со 146 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

    16.07.2020 11:02 | KumanovoNews

     Во Општина Старо Нагоричане, вчера, на деветите парламентарни избори, биле преброени 1597 гласачки ливчиња, од кои 76 биле неважечки.

    Во Старо Нагоричане, СДСМ со 146 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

    Во ИЕ2, најголем број на гласови освоиле СДСМ со 797, ВМРО со 657 и Левица со 25. Во ИЕ3, повторно најголем број на гласови освоиле СДСМ со 76 гласа, ВМРО со 70 и Левица со 7.

    Во двете изборни единици СДСМ освоил 873 гласа, односно 146 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ кое во двете изборни едници има освоено 727 гласа.

    „Освоени гласови во Изборна единица 2 се: ДПА-1, СДСМ-797, Левица 25, Алијанса на Албанци-2, Глас за  Македонија-2, ГДУ-2, Интегра-15, ДУИ-1, СДУ-3, Единствена Македонија-4, МОРО-4, Народна партија на Роми-5, ВМРО-ДПМНЕ 657, Твоја-3. Изборна еднница 3:  СДСМ-76, Левица-7, Глас за Македонија-1, Интегра-4, дуи-1, Единствена Македонија-1, МОРО-3, ВМРО-ДПМНЕ-70“, соопштува Мирослав Савковски, член на комисијата на ОИК Старо Нагоричане.

    Според Државната изборна комисија (ДИК) од 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата на СДСМ, вчера освои тесна победа на предвремените парламентарни избори, со 324.084 гласови или 36,12 отсто, пред коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто.