Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановското село Стрезовце, во саботата, пронајдена е граната од Втората светска војна.
М.П.(44) од Стрезовце околу 15.35 часот, пријавил во полиција дека покрај река Пчиња во атарот на селото има граната. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за корозирана топовска граната калибар 75 мм, без запалка која потекнува од Втората светска војна.
Артилериската граната е подигната од пиротехничарот од Дирекција за заштита и спасување.