Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во црквата „Света троица“ денеска митрополитот кумановско-осоговски Јосиф служеше Света златоустова литургија по повод празникот.
На светата литургија, верниот народ се причести и запали свеќи за здравје и среќа на себе и блиските. Вториот ден од Духовден се вика и Света троица зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.