×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Техничкото училиште слободни 646 места за упис во машинска, електротехничка и здравствена струка

    11.06.2021 07:19 | KumanovoNews

     Во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ Куманово, во новата учебната 2021/2022 година, во прва година предвидено е да се запишат вкупно 646 ученици во 19 паралелки, од кои 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки со настава на албански јазик.

    Во Техничкото училиште слободни 646 места за упис во машинска, електротехничка и здравствена струка

    Во училиштето има три струки и тоа машинска, електротехничка и здравствена.

    „Само со квалитетна настава, може да обезбедиме стручен кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот. Нашето училиште ги има сите услови за развој и унапредување на секој ученик. Покрај теоретската настава имаме и квалитетна практична настава, која се реализира во опремени кабинети и работилници, а имаме поддршка и соработка со бизнис секторот од градот. Затоа ги повикувам учениците да се запишат во понудените струки во нашето учииѓште и да ги остварат своите соништа“, -  изјави Драган Јаневски, директор на Техничкото училиште „Наце Буѓони“.

    Во машинска струка има вкупно 6 паралелки со можност за упис на вкупно 204 ученика. Со четиригодишно траење предвидени се четири паралелки, две на македонски и две на албански јазик, а со тргодишно траење предвидени се две паралелки, една на македонски и една на албански јазик. Со четиригодишно траење се два образовни профили – техничар за компјутерско управување, со по една паралелка на македонски јазик и една на албански јазик и машинско енергетски техничар исто една паралелка на македонски јазик и една на албански јазик. Со тригодишно образование е образовен профил конструкциски механичар со по една паралелка на македонски и една на албански јазик.

    Во електротехничка струка, имаме осум паралелки со можност за упис на 272 ученици. Во образовен профил електротехничар енергетичар предвидени се две паралелки, со можност за упис на 68 ученици на настава на македонски јазик и една паралелка на албански јазик со можност за успис на 34 ученици за настава на албански јазик.

    Во образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика се предвидени четири паралелки, од кои две со настава на македонски јазик две на албански јазик, со можност за упис на 68 ученика на македонски наставен јазик и 68 ученици со настава на албански јазик. Предвидена е и една паралелка со тригодишно траење за образовен профил електромеханичар со настава на албански јазик.

    Во здравствена струка образовен профил медцинска сестра, предвидени се пет паралелки и можност за упис на 170 ученика, од кои две паралелки на македонски јазик и можност за упис на 68 ученици и три паралелки со настава на албански јазик со можност за упис на 102 ученици.

    Пријавувањето и запишувањето на ученици ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања, од кои две пријавувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули.

    Прво пријавување и запишување ќе започне на 14 јуни уписот ќе започне до 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни уписот ќе започне од 07:00 до 19:00 и на 17 јуни од 07:00 часот до 15:00 часот.

    Второ пријавување и запишување ќе започне на 23 и 24 јуни со почеток од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни од 07:00 до 15:00 часот.

    Трето пријавување и запишување на ученици е на 30 јуни со почеток од 07:00 до 19:00 часот.

    Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето доколку има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што треба да доставуваат доказна документација.

    Потребни документи за запишување на ученици се оргинални свидетелства од VI до IX одделение, извод од матична книга на родени, пријава (која што ученикот ќе ја подигне во училиштето или од сајтот на училиштето), и дипломи (доколку има ученикот) за освоени I, II и III меѓународни и државни натпревари.