Мени

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

09.01.2026 11:56 | KumanovoNews

Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година.

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

„Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.  Истите, денеска можат да ги подигнат средствата во  сите отворени филијали и експозитури на банките“, соопшти МСПДМ.