Во УЈП поднесени 7.062 Годишни даночни пријави
18.03.2014 14:10
| KumanovoNews
Според последните податоци во УЈП Куманово се поднесени 7.062 Годишни даночни пријави од граѓаните.

Ова не се конечни податоци бидејќи се очекуваат и Годишните даночни пријави кои даночните обврзници ги испратиле по пошта. На ниво на Регионална дирекција Штип се примени 32.071 Годишни даночни пријави.
На шалтерите на УЈП и вчера се примаа Годишни даночни пријави бидејќи крајниот рок 15 март се падна во неработен ден сабота.