Во Уметничка галерија изложба на накит
02.06.2015 08:49
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 20 часот, ќе се одржи изложба на накит.

Се работи за рачни изработки на дизајнерот Филип Митевски. Пред публиката ќе биде промовирана модерна и уникатна колекција на Митевски. Со дизајнирање на накит Митевски професионално се занимава веќе 5 години. Својот талент го надградил во Софија и други градови каде што има посетувано курсеви за специјална техника за рачна изработка на накит. За изработка на своите дела употребува : чипка, кожа, кристали и други детали.
Секое парче е уникатна изработка. Изложбата има продажен карактер.