Во вооружен грабеж украдени 10.000 евра и златници
12.03.2014 11:46
| KumanovoNews
Масикрани и вооружени разбојници украле 10.000 евра и неколку златници од куќа во липковското село Гошинце.

Вооружениот напад се случил по полноќ, кога три маскирани лица со автоматска пушка влегле во куќата на Х.С.(29). Притоа испукале еден куршум, а потоа извршиле разбојништво одземајќи дрвено сандаче во кое имало 10.000 евра и неколку златници.
Кумановската полиција презема мерки за откривање на сторителите.