Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Домот за стари лица “Зафир Сајто“ набави 30 нови душеци со сопствени средства.
Во најбрз можен рок овие душеци ќе почнат да се употребуваат, со што условите во установата значително ќе се подобрат. Директорот Џемаљедин Неџипи објаснува дека домот има 150 корисници, и ова е само почеток на замената на душеци, а следната набавка ќе биде направена наредната година.
“Постепено ќе продолжиме да ја подобруваме услугата во домот за старите лица. Овие душеци не ги задоволуваат потребите затоа што имаме околу 150 корисници и ќе треба сите душеци да ги заменуваме. Меѓутоа не се сите стари. Постепено во друг период, во друга фаза планираме да набавиме уште душеци. Друга набавка на душеци ќе има наредната година, затоа што оваа година немаме право да набавиме пак. На почетокот на наредната година мислам дека ќе набавиме повеќе душеци. Сите овие работи се направени со средства од сопствените приходи“ - рече Неџипи.
Тој додава дека есенва ќе бидат реновирани 12 соби во првиот реон во домот, тоалети, бања и холот во установата.