×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Жегљане ќе се одбележи 71 година од формирањето на “Трета МУБ“

    20.02.2015 13:25 | KumanovoNews

    Општинската организација на Сојуз на борци Куманово на 26 февруари во основното училиште во село Жегљане, ќе го одбележи денот на формирањето на “Трета македонска ударна бригада“.

    Во Жегљане ќе се одбележи 71 година од формирањето на “Трета МУБ“

    Бригадата била формирана на 26 февруари 1944 година од два кумановски и еден преспанско битолски баталјон.

    “На одбележувањето на овој настан покрај оддавањето на заслужената почит на загинатите борци од “Трета МУБ“, ќе има и прогоден говор за тогашната воено - политичка состојба, на тој терен и за борбениот пат на бригадата. Ќе бидат поканети претставници на локалната самоуправа Куманово, Старо Нагоричане, АРМ, Здружението на армиски и полициски ветерани, Здружението “Нада Михајлова“ и други„ - вели Благе Јакимовски, секретар во Сојуз на борци Куманово.

    Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на настанот, во понеделник, вторник и среда можат да се пријават во просториите на Сојузот во комитет.

    На 26 февруари во 10 часот, борците и граѓаните со организиран превоз  ќе заминат во Жегљане.