×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Житомел„ нов газда дели откази

    22.06.2010 14:57 | KumanovoNews

     Седумдесетина работници од „Житомел„, ќе останат без работа, откако добиле нов газда. Дваесетината возачи, кои се први на списокот за истерување денеска излегоа на протест во кругот на фабриката.

    Во „Житомел„ нов газда дели откази

     Тие тврдат дека фирмата „Гроздтим„ од Струмица пред неколку дена ја презела  пекарницата под концесија на пет години од семејството на Бајруш Сејдиу и веднаш почнала да се ослободува од  вработените.

    Не тргнаа од работните места и ни ги одземаа возилата на сила.Извршиа упад во фирмата со приватно обезбедување и донесоа документ со кој тврдат дека се сопственици.Никој не знае дали документот е валиден. Ние останавме без работа, а истото ги чека и останатите вработени, слаткарите, млинарите и другите. Газдата најавил дека не му треба никој од старите работници -велат работниците.

    Тие не го виделе новиот сопственик, бидејќи работата ја водел извесен Нешо од Куманово, кој пред неколку дена прво им ветил дека ќе го зголеми производството на леб и бели пецива, ќе се модернизира процесот на производството и дистрибуцијата на леб во регионот, а  потоа почнал да дели откази.

      Нас не праќа дома, а донесува други работници за кои не знаеме од каде се и какви се. Луѓето доаѓаат на работа во пластични влечки, куси пантолони, небричени, како да се од Авганистан или Киргистан- тврдат работниците.

    Тие се жалат дека работат за 70 евра, кои не ги добиле веќе четири месеци без здравствено и пензиско осигурување.

    За промената на сопственоста во „Житомел„ не знае никој од надлежните државни институции. Во Судот во Куманово, велат дека предметот е во Одделението за организиран криминал во Скопје. И адвокатите на семејството Сејдиу не се запознаени со евентуалните промени во работењето на „Житомел„.