×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата ќе поскапи, колку и кога ќе се знае наскоро

    18.01.2024 10:13 | Оливера Пешевска

    Веројатноста дека ќе има зголемување на ценатата на вода во Општина Куманово е голема, но се уште е неизвесно колку ќе изнесува и од кога ќе важи, велат надлежните.

    Водата ќе поскапи, колку и кога ќе се знае наскоро

    Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за корекција на цената на вода за ЈП „Водовод“, откако веќе ја зголемила цената на сировата вода на АД Водостопанство Кумановско-Липковско поле.

    Одлуките на РКЕ се однесуваат на тригодишен период каде се дефинира најниската и највисоката можна цена, а по тоа решение подоцна се изјаснува и општинскиот совет. Методологијата на пресметки предвидува уште неколку фактори, а во обзир го зема и финансискиот бизнис план на ЈП „Водовод“ Куманово.

    „Најважна ставка во одредување на новата цена на водата е цената која ја плаќаме кон Водостопанство, тука има покачување од некаде 40 отсто, односно од 3,51 на 4,9 денари за метар кубен и тоа е веќе донесено решение за кое се чека потврда од Владата. Дополнително, зголемувањето на цената на енергенсите, инфлацијата и зголемување на платите го обременуваат буџетот на претпријатието. РКЕ никогаш не донесува драстични решенија, методологијата предвидува многу фактори и не верувам дека ќе има енормно зголемување на цената“,  истакна директорот Оливер Стојмановски.

    Последното зголемување на цената на водата имаше на крајот на 2020 година. Моменталните цена на водата за пиење е 34 денари за кубен метар за граѓаните. За правните лица таа изнесува 39,1. денари.