Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Домаќинствата кои имаат вода од градскиот водовод да ја користат исклучиво како техничка, и да ја превриваат пред употреба, препорачува Општинскиот штаб за заштита и спасување, кој денеска одржа вонреден состанок, по проблемите со водоснабдувањето во Куманово, предизвикани од силното неврме, кое синоќа го зафати Кумановско-липковскиот регион.
„Главен проблем претставува заматување на вода во водоснабдителниот систем заради обилни дождови. Заради истото, водат која се доставува во водоводната мрежа во Куманово, исто така е заматена. Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува се додека не се утври дека истата е безбедна за пиење“, соопшти Општинскиот штаб.
На вонредниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, присуствуваа претставници од Општина Куманово, Совет на општина Куманово, РЦУК, ДЗС, ЈП „Водовод“, ЈП „Чистота и зеленило“, АД Водостопанство Кумановско-липковско поле, Државен инспекторат за животна средина и Центар за јавно здравје.