×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата од Проевце не смее да се пие наместо обичната вода

    24.06.2015 13:58 | KumanovoNews

    Водата од јавните чешми во населба Проевце е микробиолошки исправна, но таа не смее да се пие наместо обичната вода, препорачуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.

    Водата од Проевце не смее да се пие наместо обичната вода

    Мимоза Величковски, специјалист по хигиена советува, минералната вода од Проевце, граѓаните да ја конзумираат во умерени количини бидејќи може да предизвика сериозни канцерогени заболувања.

    “Не треба да се пие како вода за пиење , туку едноставно да се користи како напиток. За хемискиот состав можеме да кажеме дека ова се минерални води, богати со арсен. Арсенот е токсична материја класифицирана во групата на канцерогени материи, затоа треба да бидеме многу внимателни во консумирање на оваа вода.  “ - додава Величковска.

    Примероците земени од водата на јавните чешми со минерална вода одговараат во поглед на микробиолошката исправност. Мостри се земени од осумте чешми на 17 јуни и резултатите покажуваат дека се исправни.