×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „ Водовод „ актуелна тема за советнички прашања

    23.06.2011 15:31 | KumanovoNews

     Советничката група ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Совет, повторно го актуелизираше прашањето за финансиското работење на „ЈП Водовод„, и во име на жителите од населбата Бабин Дол, побара одговор од надлежните во претпријатието, зошто при последната поплава во градот дозволиле со денови да тече вода со фекалии по улиците.

    „ Водовод „ актуелна тема за советнички прашања

    Истовремено се интерсираа и за причините за доцнењето на платите на вработените во ова претпријатие.

    Ве прашувам во име на засегнатите граѓани дали претпријатието е во толку катастрофална состојба и не е во кондиција квалитетно да се справува, и да ја врши својата основна дејност. Дали ова е резултат на неажурност, неспособност или незаинтерсираност на раководството на јавното претпријатие да се носи со проблемите на граѓаните. Ова во најмала рака е недолично и срамно однесување на менаџерскиот тим, бидејќи во нашето европско Куманово, како што градоначалникот ни го ветуваше и милува да го нарекува, по улиците течат фекалии и измет.Дали и континуираното неколку месечно доцнење на платите е само изолиран случај, и не е доволен сигнал дека нешто не функционира, а работите што сакаат да се прикажат се фиктивни. Ако не можете да се справите со работните задачи и обврски за кои сте платени со пари од граѓаните кои не ги опслужувате, тогаш заминете си.Покажете доблест и отстапете ги местат на некој кој може квалитетно да ја врши работата  - рече Бобан Николовски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во отсуство на директорот Виктор Божиновски, или друг представник од ЈП „Водовод„, одговор на прашањата даде градоналаникот Зоран Дамјановски.

    Нападите на ВМРО-ДПМНЕ се чист популизам, кои тие го практикуваат секогаш кога сакаат да добијат политички поени. Тие немаат аргументи, и совршено им е јасно дека состојбата во претпријатието не од лошото менаџирање на раководниот тим, туку од склоп на повеќе предходни околности кои допринеле работата да не е розова.  Тешката состојба на ЈП „Водовод„, е актиелна од пред 1,5 година, откако претпријатието почна да го враќа кредитот од 2,5 милиони евра од ЕДБР за изградба на водоводната и канализациона мрежа во градот, а од друга страна и само мора да финансира околу 1 милион евра годишно, работата на пречистителната станица во Добрешане. Поради тешката економска состојба на граѓаните ние сеуште не наплаќаме услуга за пречистување на водата, а истотака имаме и над 3 милони евра долг од домаќинствата за потрошена вода. Сето ова допринесува за лошото работење на претпријатието -вели Дамјановски.    

    Тој објасни дека градската канализациона мрежа не може да прифати толкава количина на вода за време на обилните дождови, поради што ќе мора во најскоро време да се гради нова атмоферска канализација.