Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатије “Водовод“ минатата недела спроведе помасовна акција за чистење на шахтите низ градот.
Помошник директорот во „Водовод“, Драган Јаневиќ вели дека ова е нивна редовна обврска, но интервенираат и на барања на граѓани онаму каде е затната канализационата мрежа. Шахтите се чистат за да нема некои последици при пообилни врнежи од дожд.
Проблем е што кај нас граѓаните, особено на индивидуалните куќи, собирните места од атмосферска канализација, од покривот наместо да одат во дворовите, тие ги приклучуваат во фекална канализација. Кога ќе наиде на поголема количина на вода, доаѓаме во ситуација на излевање на шахти, на фекална канализација што секако е непријатно. Затоа еден апел до граѓаните да не ги приклучуваат своите одводи на канализациона мрежа. Оваа материја е строго регулирана со Закон за води, каде јасно стои дека граѓаните не смеат да ги приклучуваат одводите, но за жал тоа не се почитува - вели Јаневиќ.
Освен до граѓаните, Јаневиќ апелираше и до комуналната инспекција превентивно да делува за искоренување на оваа појава.