×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исклучена од струја зградата на „Водовод“ поради неплатени сметки, јулската е 9 пати повисока од лани

    19.08.2022 18:28 | Сузана Николиќ

    Административната зграда и два наплатни пункта на ЈП „Водовод“ во Куманово од вчера се исклучени од струја поради неплатени сметки.

    Исклучена од струја зградата на „Водовод“ поради неплатени сметки, јулската е 9 пати повисока од лани

    Директорот на „Водовод“ Оливер Стојмановски, вели дека се нашле во ваква безизлезна ситуација само заради енормното зголемување на цената на електричната енергија за повеќе 500 отсто, па сега немаат капацитет да го сервисираат долгот.

    „Потрошувачката е идентична како во изминатите неколку години, меѓутоа додека за првите седум месеци од 2021 година сметките изнесуваа 8,5 милиони денари, за потрошено исто количество струја во првите седум месеци од оваа година тие се над 40,5 милиони денари. Само за изминатиот месец јули, сметката изнесува 8,9 милиони денари, што е за 9 пати повисока од истиот месец лани. Ние досега исплатиме над 14 милиони денари, односно повеќе од вкупниот износ кој го плативме за целата 2021 година. Овој финансиски резултат е испорачан и покрај блокираната сметка од 2013 година до денес. На овој начин во целост е искористен нашиот потенцијал за плаќање на електричната енергија, без притоа да биде загрозена целокупната дејност на претпријатието“, вели Стојмановски.

    Тој тврди дека струјата ја трошат рационално и првенствено за потребите на фабриката за преработка на вода, пречистителната станица за отпадни води и пумпните станици на бунарите, додека на административната зграда е помалку од 100 илјади денари месечно.

    Но, претпријатието веќе добило опомена за исклучување и на други објекти, ако до 1 септември не ги подмири сите заостанати долгови. Тоа може да го доведе во прашање функционирањето на виталните објекти за водоснабувањето и пречистување на отпадните води во градот.

    „Ова значи дека сите прекини на електрична енергија значително го отежнуваат нашето редовно функционирање, како и ја зголемуваат опасноста од еколошка катастрофа при пречистувањето на отпадните води“, вели Стојмановски.

    Тој вели дека за проблемот алармирале преку здружението на јавни комунални претпријатија АДКОМ, како до ресорните министерства, така и до Владата, од каде очекуваат помош.

    Стојмановски дел од решението го гледа и во сопствено производство на струја, па веќе изработиле идеен проект за производство и се надева дека што поскоро ќе се постават фотоволтаици на 5 локации на земјиште во сопственост на „Водовод“ Куманово.