×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Водовод“ се соочува со ниска наплата

    01.07.2015 13:04 | KumanovoNews

    Јавното претпријатије “Водовод“ во првиот квартал од 2015 година бележи загуба од скоро 3 милиони денари, бидејќи наплатата за потрошена вода е многу ниска.

    “Водовод“ се соочува со ниска наплата

    Во првите три месеци од годината на сметката на претпријатието легнале 46 милиони денари, од кои 32 милиони денари од наплата на сметките за вода што е околу 35 проценти од вкупната побарувачка.

    “Наплатата е драстично намалена. Тоа значи дека економската ситуација на граѓаните е многу тешка, и едноставно се плаќа она што може да се исклучи, а тоа е струја и телефон, а водата останува да се плаќа во некои подобри времиња. Најслаба наплата имаме во месец февруари, затоа што граѓаните се истрошиле поради празници во јануари. Наплатата во мај поради случувањата беше катастрофална“ - кажа Стојковски.

    Од претпријатијето објаснуваат дека причина за големата загуба е високата цена на сировата вода, набавка на неопходни хемикалии за работа како и ниската наплата.

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се интересираа за актуелните случувања и проблемите со водоснабдувањето, за неплатените долгови кон Водостопанство и дали е на повидок решение.

    „Кога ве слушаме вас и сите ваши аргументи, излегува дека сте во право. Да е тука и директорот на Водостопанство и тој ќе каже факти, аргументи, и ќе испадне дека е во право. Во право сте, ама граѓаните немаат вода“- изјави Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски се вклучи во дискусијата и бидејќи смета дека овие проблеми се повторуваат секоја година, за да се покаже дека локалната власта е неспособна.

    “Сакаат да покажат дека општината ништо не работи, дека градоначалникот ништо не разбира по десет години, дека директорот Горан Стојковски не е домаќин. На највулгарен начин се однесуваат од таму“ - вели Дамјановски.

    Советниците на денешната седница на Советот на општина Куманово, го изгласаа извештајот за финансиското работење на “Водовод“ за период од 1 јануари до 31 март годинава.