Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Веќе трет ден неколку објекти на јавното претпријатије “Водовод“ се без струја, откако ЕВН ги исклучи од мрежата поради неплатен долг од 60 милиони денари.
Од “Водовод“ бараат барем управната зграда да биде приклучена, бидејќи вака не можат да функционираат и во понеделник можно е градот да се соочи со проблеми во водоснабдувањето.
Не можеме нормално да функционираме, да склучуваме договори, да правиме нови приклучоци, да фактурираме, да прочистуваме вода, да набавуваме цевки и хемикалии. Долгот е голем и немаме пари за да платиме 60 милиони денари. Се надеваме дека од ЕВН ќе ја приклучат барем управната зграда, па со помош на општината да бараме долгорочно решение. Ако тоа не се случи, во понеделник целиот град ќе се соочи со водоснабдителни проблеми - рече директорот Горан Стојковски.
Стојковски се надева дека од ЕВН ќе имаат разбирање и ќе им дозволат подмирување на долгот на рати.
Секој колку што има потрошено ќе треба да плати. Веќе подолг период разговараме со ова претпријатије, ќе разговараме и понатаму за да се надмине состојбата, но поголема одговорност би требало да имаат и првите луѓе на ова претпријатије и надлежните за него - кажа Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.
Ковачевски вели дека исти правила важат за сите потрошувачи на електрична енергија.