„Волкот и трите прасиња“ – нова премиера на Кумановскиот театар
06.05.2022 17:05
| Сузана Николиќ
Актерите од Кумановскиот театар подготвија нова детска претстава „Волкот и трите прасиња“, која вечерва во 18 часот премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Претставата е во режија на Бојана Краљевска, а играат Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска и Владанка Крстевски.
„Преку претставата испраќаме две пораки до најмладите. Првата дека пријателството е богатство, втората е дека работата секогаш се исплаќа, вели режисерката Краљевска.
Првата реприза ќе се игра во понеделник со почеток во 18 часот во Центарот за култура.