Волонтери од Црвен Крст на спортски игри во Струга
05.06.2015 09:34
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст Куманово денеска заминуваат на спортски игри во Струга, организирани од Клуб на крводарители на град Скопје.

Таму ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини како фрлање на ѓуле, пинг-понг, скокање во вреќи, влечење јаже и слично. Ова е втора година како кумановските волонтери учествуваат на овој настан. Лани земаа 6 награди, а оваа година се надеваат дека ќе бидат поуспешни и ќе добијат повеќе награди.