Вонредна крводарителска акција
12.09.2011 09:50
| KumanovoNews
Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„, организираат вонредна крводарителска акција.

Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот. Организаторите ги повикуваат крводарителите и сите други граѓани, масовно да се вклучат во акцијата, бидејќи поради високите температури зголемени се потребите од крв во болниците во државата.