Мени

Вонредна крводарителска акција денеска во Куманово

14.09.2026 09:10 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи вонредната крводарителска акција, во  организација на Црвениот крст Куманово.

 

Вонредна крводарителска акција денеска во Куманово

Од Црвениот крст посочуваат дека во овој период потребите од крв се зголемени, а резервите се намалени. Секоја дарувана единица крв може да биде од огромно значење и да спаси човечки живот.

„Ги повикуваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат на акцијата и со својот хуман гест да помогнат некому на кого му е најпотребно. Дарувај крв – спаси живот“, стои  соопштението.

(фото. архива)