Вонредна летна крводарителска акција
14.08.2013 08:27
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре ќе се оддржи вонредна летна крводарителска акција.
Заинтересираните граѓани ќе можат да даруваат крв во периодот од 10 до 15 часот. Акцијата ја организира Црвен Крст Куманово. Во текот на летото тие прават неколку вонредни летни акции за собирање на што повеќе крвни единици.