Вооружен грабеж во продавница на Елида
23.12.2013 12:08
| KumanovoNews
Непознато маскирано лице, вооружено со ловџиска пушка и пиштол ја ограбило продавницата на Елида во населбата Карпош.

Вооружето разбојништво се случило синоќа во 21 часот, кога напаѓачот со маска на лицето, ловечка пушка на рамето и со пиштол во рацета влегло во продавницата. При тоа и се заканил на вработената, и побарал да му ги даде парите од касата. Одзел околу 70.000 денари дневен промет и побегнал. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.