×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вооружена група од Косово ја нападнала Полициска станица Гошинце

    21.04.2015 12:02 | KumanovoNews

    Терористички напад врз Полициската станица во Гошинце во општина Липково, се случил ноќеска, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

    Вооружена група од Косово ја нападнала Полициска станица Гошинце

    Како што изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски вооружена група од 40 лица од Косово ја нападнала станицата во 2.30 часот и заробиле четворица полициски службеници, кои биле на дежурство во караулата. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик.

    Лицето кое што ја предводело групата, на албански јазик преку преведувач кој говорел на лош македонски со србизми им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови:„Ние сме од УЧК и пренесете на сите дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори, повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било кој друг фатиме повторно сите ќе ве ликвидирамее„,- рече Котевски.

    Oткако ги разоружале и им ги одзеле мобилните телефони и радиостаницата, на полицајците им дале половина час за да си заминат. Потоа полицајците слушнале рафали.

    Македонската полиција е на терен и работи на откривање на сторителите.