×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возачот на автобусот се обидел да прошверцува над 13 кила злато на Табановце

    08.08.2022 17:02 | Сузана Николиќ

    Возачот на автобусот, турски државјанин жител на Скопје e осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато, кое вчера беше откриено во автобус на граничниот премин Табановце. 

    Возачот на автобусот се обидел да прошверцува над 13 кила злато на Табановце

    Основното јавно обвинителство Куманово, започна истражна постапка против турски државјанин со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – криумчарење.

    „Осомничениот 55-годишник бил корисник на старосна пензија во Република Турција, додека во земјава бил ангажиран со договор на дело како возач на автобус во превозник од Скопје. На 7 август осомничениот управувал со автобус на редовна линија Пореч, Хрватска – Гостивар. На граничниот премин Табановце, преку царинска линија, при влез во земјава, се обидел да ја избегне царинската контрола и пренел непријавена стока од големи размери – златен накит, часовници и златни плочки во вкупна вредност од 36.305.644,81 денари“, соопшти ОЈО Куманово.

    Возачот, предходно пратката со златни предмети ја презел од хрватски државјанин и ја сокрил во делот каде што се наоѓа вентилацијата на автобусот. 

    „При контрола од овластени царински службеници таму биле пронајдени 18 пакувања во кои имало 97 златни прстени, 39 златни огрлици, 133 златни нараквици, 4 парчиња нараквици со полускапоцени камења, 5 парчиња сини златни нараквици, 8 парчиња жолти златни нараквици, 5 парчиња гумени нараквици со златни плочки, 5 парчиња часовници златни без механизми и нивни делови, 33 парчиња златни приврзоци, 91 парчиња златни обетки, 23 парчиња златни монети, 48 парчиња златен кршен накит, 73 парчиња златни плочки во правоаголна и друга форма и 3 пакети злато во гранули. Златните предмети биле со вкупна тежина од 13,3 килограми“, велат од Обвинителството.

    Основно јавно обвинителство Куманово до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.